„Со контролата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса“, информира АХВ.
Решенијата за времена забрана за вршење дејност ќе останат во сила до исполнување на потребните услови за работа.







