среда, 17 декември 2025

АХВ заплени небезбедна храна од непознато потекло во Чучер-Сандево

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограм кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ