Од АХВ посочуваат дека и при последената инспекциски контрола спроведена на 19 ноември 2025 година врз основа на поднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор, не биле констатирани недоследности, односно, во кујната на интернатот хигиенско-санитарната состојба била добра и не биле затекнати инсекти во објектот како што било наведено во иницијативата.
-Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените имаат уредни санитарни книшки и соодветно се спроведени мерки за дератизација, дезинцекција и дезинфекција. Оператотот со храна води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа со кои пред инспекциските служби ја потврдува безбедноста, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дел од медиумите вчера објавија дека учениците сместени во средношколскиот интернат во Скопје, Здравко Цветковски ГУЦ секој ден добиваат на менито бубашвваби-некогаш за доручек, некогаш за ручек, некогаш за вечера.
Постојат десетици случаи документирани со фотографии каде им се сервираат бубашваби. Ги има во оброците за ручек, но често и внатре испечени во пецивата од позната скопска пекарница. Најсимптоматично е што ова трае повеќе од една година, пријавувано е неколкупати во АХВ, праќани се инспектори во интернатот и ништо не е сменето.






