петок, 27 февруари 2026

АХВ: Општина Крива Паланка и градоначалникот да не се изземаат од проблемот со распуштените говеда

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои талкаат низ градот и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.

Објавено на

часот

Сподели

„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села, тој да се иззема од одговорноста која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини, односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната влада“, се вели во реакцијата на АХВ.

Говедата, додаваат оттаму, ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со агенцијата не соработува Општината. која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот.

„Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму потенцираат дека АХВ и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ