„Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени, ќе се реализира во согласност со процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ. Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт-формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА, објавена на интернет-страницата на Агенцијата (https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ на соодветен образец за поднесување иницијативи“, стои во соопштението.
Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот, кој треба да ја прецизира/дополни во рок што не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок, ќе се смета дека таа е повлечена.






