среда, 18 март 2026
Фото: Пиксабеј

АХВ: Контролите потврдуваат подобрување на безбедноста на храната во домовите за стари лица

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спровеле 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата, соопштија денеска од АХВ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од АХВ, еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а четири од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.

„За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за добра хигиенска и добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување на задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени. За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за четири оператори, а само од еден контролиран оператор, нештетно се уништени шест килограми небезбедна храна“, се наведува во соопштението на АХВ.

Оттаму додаваат дека при спроведените вонредни инспекциски надзори кај истата категорија оператори во ноември 2024 година, 14 не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а нештетно биле уништени 40 килограми небезбедна храна. Издадени биле 16 решенија со наредби за отстранување на  утврдени недоследности, а парични казни биле изречени на 18 домови за стари лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ