четврток, 29 мај 2025

АХВ казни 14 месарници, дел од нив продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле спроведени на 30 април годинава на целата територија на државата. Како небезбедни се уништени 323 килограми храна.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна.

„Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај седум се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а четири месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените“, наведува АХВ.

Неправилности во поглед на означувањето на призводите се утврдени кај три месраници, а кај исто толкав број е утврдено и дека не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ