недела, 7 декември 2025

АХВ и ЈП „Лајка“ спасија куче чувано затворено две години

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на самото место и пристапи кон итно одземање на куче држено во крајно нехумани и незаконски услови.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба – екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.

Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ