петок, 19 декември 2025

АХВ ги проверува и новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски  надзори  за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.

 

Објавено на

часот

Сподели

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.

Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна, соопштуваат од АХВ.

Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ