понеделник, 8 декември 2025

Ахмети губи уште еден сојузник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети губи уште еден сојузник откако Турската демократска партија (ТДП) најави крај на коалицијата со „Европскиот фронт“. Претседателот на Турската демократска партија (ТДП), Зулфиќар Зејнула, во интервју за порталот Тајм Балкан најави дека соработката со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ завршила.

Објавено на

часот

Сподели

Тој изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.

„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес“, вели Зејнула.

Иако пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, сè уште делува како дел од пратеничката група на Фронтот, во партијата се разгледува можноста за нова политичка ориентација пред локалните избори.

„Немаме затворен став околу идниот коалициски партнер. Она што е важно е заштитата на правата и интересите на турската заедница. Нашата лојалност не е кон коалиции, туку кон принципи“, истакна Зејнула.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ