понеделник, 22 декември 2025

Ахмети до Мицкоски: Христијан млад си размисли, со кучиња не се ловат орли

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна денешната конвенција на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ. Во салата се скандираше и името на Артан Груби. Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на промотивната конвенција на Националната алијанса за интеграција (НАИ), изјави дека Рамковниот договор останува суштински документ за мирот и стабилноста во земјата и мора да се почитува од сите политички страни. Тој го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кого го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.

Објавено на

часот

Сподели

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.

Зборувајќи за Охридскиот рамковен договор, Ахмети истакна дека во изминатите две децении, во соработка со САД, ЕУ и НАТО, се работело на спроведувањето на овој договор, заедно со политичките сили во земјата.

Осврнувајќи се на најновите политички случувања, Ахмети ја обвини опозицијата за обиди кои, според него, ги загрозуваат правата на Албанците и создаваат меѓуетнички тензии. Тој рече дека Албанците се обединети за да ги заштитат постигнатите придобивки и да го гарантираат стабилитетот и евроатлантската интеграција на Македонија.

“Ние сакаме мир, стабилност, иднина, сакаме Европа и НАТО. Оваа наша определба нè направи да бидеме заедно, не само за да ги зачуваме националните права, туку и за да ја однесеме земјата напред,“ изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ упати и апел за активно учество на изборите на 19 октомври, потенцирајќи дека единството на Албанците е одлучувачко за политичката иднина на земјата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ