среда, 10 декември 2025

Ахмети до амбасадорот Коп: За Врховниот суд надлежен е Судскиот совет

Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, соопшти ДУИ за денешната средба на претседателот на ДУИ Али Ахмети со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Објавено на

часот

Сподели

За оваа средба најпрво извести холандската амбасада, а доцна попладнево и ДУИ испрати соопштение.

„На денешната средба се разговараше за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите како и важноста од европската интеграција. Золеменото руско и кинеско влијание во земјата и регионот ја загрозува европската иднина. Владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители беше дел од разговорот на средбата на Ахмети со амбасадорот Дирк Јан Коп. Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија“, соопшти ДУИ.

Претходно, според информацијата од холандската амбасада, холандскиот амбасадор рекол дека неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

Холандскиот амбасадор реагира откако член на Судскиот совет покрена иницијатива за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Иницијативата е на  Миљазим Мустафа и била покрената поради тоа што Адеми не присуствувала на седниците на Советот во периодот од крајот на мај до почетокот на ноември оваа година, што според Мустафа било нејзина обврска како член на Судскиот совет по функција.

Членовите на Судскиот совет не беа баш најзадоволни од изјавите на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми дека има притисоци врз врховните судии во врска со барање за одлучување за аболициите на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Во извештајот на оценската мисија на ЕУ има 40 препораки, од кои дури 17 се однесуваат на Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ