Социјалниот работник Гоце Прцулоски, кој е најангажиран да го земе дететото од мајката, со возило на таткото Спасе Спасески, мерцедес со охридски регистерски таблички, на 11 април се обидуваше да го земе детето. Адвокатката Цветановска писмено побарала да се образложи „во какво својство Прцулоски бил во зградата, дали имал работен налог, дали користел службено возило и дали како социјален работник постапувал согласно неговите надлежности“. Таа вели дека Прцулоски покажува посебен ангажман за конкретниот предмет што упатува на сомневање дека има некаков интерес.
Прцулоски е дел од стручниот тим на Центарот кој секојдневно врши притисок врз мајката Невена Спасеска да го одземе детето, а притоа таа не добива одлука, ниту е регулирано кога и на кој начин временски таа ќе биде со четиригодишниот син. Социјалниот работник Прцуловски инсистира да го земе детето врз основа на старо решение кое важеше за таткото, но сега по пресудата од Битола повеќе не е во сила тоа решение и со него не може да се регулираат правата на мајката. И покрај неколкуте писмени дописи до Центарот, со кои мајката бара да се одреди како и кога може да се гледа со детето, засега нема одговор.
Поради несоодветно постапување во предметот во кој на мајката Невена Спасеска ѝ е одземено детето, веќе е разрешен директорот на Центарот за социјални работи во Охрид, Игор Еленчески и против него е поднесена кривична пријава од надлежното министество за социјална политика.
Спорните заклучоци на двата суда, во Охрид и Битола, оставаат простор за сомнеж дека се работи за договорена, а не правична судска одлука. Во ова најголема улога одиграл Центарот за социјални работи од Охрид, од каде е и таткото, кој не бил надлежен за случајот, но сепак судот го прифатил и покрај неколкуте укажувања од Министерството за труд и социјална политика дека за случајот е надлежен Центарот за социјални работи во Скопје и кој сметал дека старателството треба да се довери на мајката, пишува порталот А1он.
Невена Спасеска нема решение со кое ќе се утврди кога може да го зема дететото од кај таткото, по пресудата во Битола.
Целиот предмет сега е пред Врховен суд по жалбата на мајката Невена.