Целта на Меморандумот, како што информираат од Агенцијата за катастар, е да овозможи систематски и усогласен пристап во размената на податоци меѓу институциите. Во таа насока, на Управата за јавни приходи ќе ѝ бидат ставени на располагање податоците од геодетско-катастарскиот систем, како и други информации и активности од заемен интерес.

Потпишувањето на овој документ, додаваат, претставува континуитет и продлабочување на досегашната успешна соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи.
Директорот Живковски изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот и истакна дека тој ќе придонесе за понатамошно интензивирање на соработката, преку взаемна поддршка и заедничко делување во исполнување на законските надлежности и остварување на заедничките цели на двете институции, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.






