„Аудиоснимките што излегоа во јавност, на кои се слуша како Дехари сексуално малтретира и понижува вработени жени во Општината, се доказ за системска злоупотреба на моќ и родово насилство на работно место, а тоа е нешто што заслужува и кривична одговорност, не само – политичка оставка!
Ниту една жена не треба да биде предмет на понижување, заплашување или сексуално изживување, особено не од страна на функционер платен со парите на граѓаните. Ова е скандал преку злоупотреба на функција, полов мобинг и родово засновано насилство“, порачуваат од Левица.
АФЖ-Левица во соопштението истакнува неколку барања во врска со овој случај: јавна реакција од жените-функционерки во ДУИ; реакција од Комисијата за заштита од дискриминација; кривична одговорност и казни за насилникот!
„АФЖ-Левица не остапува од својата борба, додека насилниците не одговараат. Ние нема да бидеме дел од културата на молк: ниту во Кичево, ниту на кое било друго место во Македонија!“, велат од Левица.






