недела, 14 декември 2025

Аеродромци спречени да влезат на депонијата Варадриште

На претставниците на граѓаните обединети околу иницијативата Стоп за Вардариште и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески утрово не им беше дозволен влез во депонијата Вардариште од страна на полицијата. Утрово се одржа блокада на крстосницата пред мостот Близнак, а за вечерва со почеток во 18 часот се закажани една блокада на истото место и друга во Маџари на улицата Перо Наков кај железничкиот премин.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На граѓаните кои утрово во 7:30 ја блокираа крстосницата кај мостот Близанк во Аердром, Скопје, им беше кажано дека се дојдени без дозвола од Министерството за животна средина.

„Со градоначалникот потоа отидовме во делот на дивата депонија каде нелегално живеат околу 200 луѓе. Митески вети дека во понеделник повторно ќе дојде на протест и ќе повика и други претставници на надлежни институции за заедно да направат увид во Вардариште“, информираат од Стоп за Варадариште.

Градоначалникот Митески вчера за првпат дојде меѓу протестантите и според договореното требаше да ја посетат денеска депонијата.

Утрово се одржа блокада на крстосницата пред мостот Близнак, а за вечерва со почеток во 18 часот се закажани една блокада на истото место и друга во Маџари на улицата Перо Наков кај железничкиот премин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ