недела, 14 декември 2025

Аеродромци останаа без одговори од надлежните, даден е нов рок од 5 дена

На денешниот состанок на иницијаторите на протестите со граѓаните од скопската населба Аердром кои беа на протестот, беше кажано дека на барањата доставени на 10 септември од ниту една институција и орган не е добиен никаков одговор. Барањата сега се проширени и ќе бидат доставени до надлежните институции и органи на локалните власти и централната власт.

Објавено на

часот

Сподели

Ако во рок од пет дена од испраќањето на барањата не се добие одговор со конкретни мерки што ќе се преземаат во однос на депонијата Вардариште, протестите ќе бидат проширени со истовремени блокади и на други крстосници. Се бара затворање на Вардариште веднаш, 24 часовно обезбедување на депонијата, оградување, забрана за одложување на отпад, дислокација на тие 200 луѓе кои живеат таму и нивно соодветно згрижување на друго место.

Започнување со отплинување на Вардариште, рециклирање на отпадот во соодветни форми, а тој отпад што не може безбедно да се третира во земјава, власта да најде начин тој отпад да се транспортира во друга држава која тоа ќе го стори на безбеден начин. Ригорозно казнување на тие што ќе исфрлаат отпад и казнување на тие што ќе горат отпад. Се бара инспекциите да утврдат дали и кои фирми и натаму исфрлаат отпад на Вардариште, со оглед на неофицијалниот податок дека дури 189 фирми во овој скопски регион имаат лиценци за работа со отпад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ