недела, 14 декември 2025

Аеродромци не се откажуваат, в петок протест за чист воздух и во Гази Баба

На вечерашниот 22.протест за чист воздух во Аеродром на иницијативата Стоп за Вардариште беше соопштено дека во петок, во исто време ќе се одржи протест со блокада на крстосница и во општината Гази Баба. Протестот е во самостојна организација на граѓани на Гази Баба чии неколку населби исто така се изложени на силно загадување од депонијата. Ќе биде организирана блокада со почеток во 18 часот на фреквентната крстосница кај Термо Рампа на улицата Перо Наков кај железничкиот премин кон Маџари.

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва од протестот во Аеродром пред мостот Близнак беше соопштено дека засега нема одговор од централната и од локалните власти на барањата на иницијативата поврзани со целосно затворање на депонијата Вардариште кои беа испратени во саботата.

„Доколку и на ова, второ по ред барање, не биде добиен одговор најдоцна до крајот на утрешниот ден, во петок ќе биде организирана блокада и во утринските часови на истото место пред мостот во Аеродром, а секојдневната блокада од 18 до 19 часот останува во сила“, велат од Стоп за Вардариште.

Од Стоп за Вардариште потсетија дека борбата за чист воздух нема да запре сѐ додека не се остварат барањата за целосно затворање на Вардариште, негово оградување и обезбедување. Иницијаторите ги канат градоначалниците да дојдат на протест, да ги слушнат граѓаните и да ги изнесат своите видувања и планови како да се остварат нивните одамна искажани ветувања во однос на депонијата и за обезбедување чиста животна средина.

„Протестите немаат париски бои туку се резултат на гнев што за основното човеково право за чист воздух се нема волја кај надлежните органи и власти“, беше уште еднаш кажано во дебата со граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ