Нивната забелешка е дека депонијата всушност е затворена во 1991 година и дека затоа е можно да се оди со кривични пријави против сите државни и локални функционери и други надлежни лица кои овозможиле одложување на отпад и работа со отпад и секакви опасни состојки и загрозување на здравјето на населението во текот на децениите потоа.
На вчерашниот состанок на иницијаторите на протестите со граѓаните од скопската населба Аердром кои беа на протестот, беше кажано дека на барањата доставени на 10 септември од ниту една институција и орган не е добиен никаков одговор.






