Центарот за управување со кризи и денеска информираше дека пожарот кај Вардариште е под контрола, што значи дека сѐ уште гори, тлее, а тоа значи дека и натаму се испушта опасен чад од запалената пластика и гума. Токму таа смрдеа и опасност од загадувањето на воздухот ги предизвикува жителите на овие населби веќе една недела да се на улица. Освен ветувања, засега ништо не се прави.







