Во центарот предвидено е да има кино, простор за настани и изложби, за едукативни програми…

„Ова не е само инвестиција во објект, ова е инвестиција во културата, уметноста и образованието. Со реконструкцијата отвораме современ и достапен простор што ќе стане ново срце на културниот живот во Аеродром, отворен за сите генерации. Овој проект е дел од нашата поширока визија за рамномерен културен развој низ целата земја. Тоа значи култура во секоја општина – достапна, ангажирана и инклузивна.
Горди сме што Министерството за култура и туризам стои зад вакви иницијативи што носат вистинска промена. Благодарност до градоначалникот и тимот на Општина Аеродром за визијата и партнерството“, изјави Љутков.


Мултифунционалнит центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.
Станува збор целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу
1.500 м2. Општина Аеродром со овој проект аплицираше на повикот на Владата и доби 99
милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.






