петок, 12 декември 2025

АЕК на 12 јануари 2026 година ќе реши за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на радиофреквенции.

Објавено на

часот

Сподели

Од АЕК образложуваат дека Одлуката е донесена на 21 ноември годинава, врз основа на член 24 став 1 алинеја 5 од Законот за електронските комуникаци и член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка, а согласно Одлуката за распишување на Јавен тендер со јавно наддавање за доделување на Одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz  и согласно Молбата за продолжување на роковите поднесена од Оне Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје од 20 ноември.

По отворањето на понудите за тендерот на 22 август годинава, Комисијата за спроведување на Јавниот тендер со јавно наддавање констатираше дека сите документи ги исполнуваат условите пропишани во тендерската документација и се согласно закон, но поради распишувањето на локалните избори што се одржаа во октомври, конечната одлука за избор на најповолниот понудувач беше одложена за по изборите.
„Во поднесеното барање за продолжување на роковите поднесено од Оне Македонија телекомуникации ДООЕЛ Скопје 0201-1103/31 од 20.11.2025, се повикуваат на прекин на постапката заради изборниот процес и тоа во вкупен период од 96 дена (од 9 август до 12 ноември 2025 година), и врз основа на член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка (Службен весник бр. 124/15 и 65/18) каде е предвидено дека „рокот што го определил овластеното службено лице, како и рокот определен со прописите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се продолжи по молба од заинтересираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако постојат оправдани причини за продолжување”, бараат да се продолжат сите рокови за 96 дена, велат од АЕК и дополнуваат дека  согласно ЗЕК, и согласно одлуката за завршување на изборите од 12 ноември годинава роковите предвидени во тендерската документација продолжуваат да течат.
Како што појаснува АЕК, имајќи го во предвид член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка, и согласно Барањето за продолжување на роковите,  тие треба да се поместат за онолку колку што траел прекинот односно сметано од денот на објавување на изборите 09.08.2025 до денот на носење на одлуката за завршување на изборите 12 ноември, односно 96 дена, па така наместо 8 октомври рокот се продолжува за 96 дена односно до 12 јнури 2026 година, односно 21 ноември 2025 година се продолжува за 96 дена и ново предвидениот рок е 25 февруари 2026 година.
Против оваа Одлука е дозволена тужба до Управниот суд во рок од 30 дена.

На пазарот на електронски комуникации во државава работат мрежните оператори Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, РОБИ ДООЕЛ Штип и Греен телекомуникации ДОО Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ