Оне Македонија беше единствениот учесник во тендерската постапка, со што ѝ се овозможува да изгради и управува со една од најнапредните и најбезбедни самостојни 5Г мрежи во регионот. Согласно претходно соопштение на компанијата, Оне Македонија има склучено прелиминарен договор со Ериксон (Ericsson) за стратешка соработка во планирањето, дизајнот и имплементацијата на новата мрежа.
Поставувањето на 5G мрежата и почетокот на комерцијалните услуги се планирани за крајот на март 2027 година, со долгорочна развојна мапа која предвидува целосна покриеност на урбаните средини и транспортните коридори до 2030 година, како и национален пристап до брз интернет до 2032 година. Проектот има за цел да обезбеди брза, сигурна и безбедна мобилна поврзаност која ќе одговори на потребите на граѓаните, институциите и бизнисите, при целосна усогласеност со европските стандарди и вредности. Новата мрежа ќе биде дизајнирана како стабилна, безбедна и идно ориентирана дигитална инфраструктура што ќе поддржи иновации и долгорочен економски раст.
Како дел од 4iG групацијата, една од водечките технолошки и телекомуникациски компании во регионот на Централна и Источна Европа, Оне Македонија ќе придонесе кон зајакнување на дигиталниот екосистем на Македонија и забрзување на технолошкиот развој на земјата. 4iG групацијата веќе работи под брендот Оне низ Западен Балкан, нудејќи фиксни и мобилни услуги во Албанија и обезбедувајќи мобилни услуги во Црна Гора.






