недела, 7 декември 2025

Адвокатска комора контра Коцевски, негираат дека добиле допис од Јавното обвинителство

Адвокатската комора не примила никаков допис од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, се наведува во денешното соопштение на комората откако вчера Коцевски информираше дека испратил писмо до претседателот на Адвокатската комора во кое реагира како дел од адвокатите го коментираат обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со дописот од 10.10.2025 година на јавниот обвинител дека писмено ја известил Адвокатската комора во врска со кривичниот предмет за пожарот во дискотеката Кочани, ја информираме јавноста дека таков допис не е добиен во Адвокатската комора. По приемот на дописoт, комората ќе ги разгледа наводите и основаноста на истите во дописот и за тоа ќе излезе со официјално соопштение и став“, се наведува во соопштението на Адвокатската комора.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера преку допис до Адвокатската комора реагираше, на како што се наведува во соопштението, начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс и однапред изнесуваат неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, доказниот материјал или планираната динамика на судот за одржување на рочиштата.

„Неговиот настап треба да биде таков, судовите и другите органи во него да гледаат заштитник во спроведувањето на законитоста и заштитата на правата и правните интереси на странките. Изнесувањето на неосновани проценки во поглед на долгото траење на судската постапка наштетува пред сѐ на угледот на судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато. Нагласуваме дека Јавното обвинителство во моментов води повеќе активни судски постапки со кои се опфатени повеќе десетици обвинети, а судењата течат редовно и без застој. Јавните обвинители се водат единствено од доказите и немаат никаква можност да избираат колку обвинети ќе вклучат во постапките што ги водат. Притоа, укажуваме дека одредени адвокати го злоупотребуваат професионалното својство, се претставуваат и ја коментираат постапката и обвинението како непристрасни правни експерти, без притоа да појаснат дека всушност се бранители на обвинетите кои во основа ги застапуваат интересите на својот клиент, доведувајќи ја со тоа во заблуда јавноста и особено оштетените“, напиша Коцевски во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ