недела, 7 декември 2025

Aдвокатот Дуковски до обвинителот Коцевски: Не си компетентен да бидеш прв човек на обвинителството!

Ова е најлошиот, односно, најнепрофесионалниот републички обвинител во историјата на оваа тажна земјаm, напиша на својот фејсбук-профил адвокатот Сашо Дуковски директно  обраќајќи му се обрати на првиот човек на Основното јавно обвинителство Љупчо Коцевски, за кого рече дека не е компетентен да биде прв обвинител.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„Љупчо Коцевски!!!!Лејдис енд џентлмен! Тврдам! Не сум ангажиран во предметот за Кочани така што, немам било што лично!

Реагирам како еснаф, бидејќи сум, повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација, Адвокатската комора на Македонија, ќе реагира, ултра млако или воопшто нема да реагира на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители во предметот Кочани.

Сетете се само на предметот 27-ми април кога нѐ казни „истакнатиот правник“ Кацарска и како реагираше нашиот еснаф! А треба, но за тоа во друга прилика.

Да се обидеш да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е негова должност во врска со клиентот и постапката е едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО.

Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани, изнесуваше „детали“ од истрагата и постапката и тогаш беше сѐ океј а?

Сега ти смета кога бранител, адвокат ќе реагира законски за својот клиент и целата постапка, нели, м? Па реагираш со некави глупави барања и слично до адвокатската комора.

Па еве да прашам: Си слушнал ли некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење, стручен став и мислење, особено во оваа фаза на постапката, по обвинение стапено на правна сила, м? Не си слушнал, тврдам!

Си слушнал ли некогаш што е функцијата на бранител во постапката, иако си бил адвокат, м? Си слушнал ли дека обвинителството на кое ти си прв човек (многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе, м? Сигурно не!

Си слушнал ли за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката, мислам, како што сте си навикнати до сега и, ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш? Срам да ти е како правник, голема срамота!

Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката, иако ти ниту едно дејство не си преземал, туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше, само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија?

До кога мислиш да ја толерираш праксата ако бранителите бараат присуство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата, тоа да го игнорираш, а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања?

Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал, твое напишано обвинение пред суд, м?

Никој од адвокатите ниту ти се плаши, ниту пак имаш какво било право да пишуваш вакви глупости, какви што пишуваш до адвокатската комора.

Кога сакаш, приватно или јавно може да продискутираме за ова, но ти никогаш тоа нема да го направиш затоа што немаш појма за што пишувам, правно!

Ова е мое исклучиво професионално мислење за највисок јавен обвинител во земјава, функција која сега ја вршиш. Против тебе немам ништо лично како човек, но ТИ не може да си прв човек на обвинителство. Едноставно, не си компетентен за тоа.

И на крај,уште две работи: мислиш ли нешто да направиш како прв човек на обвинителството за предметот за модуларната болница во Тетово, м, обвинителе?Многу ме интересира. Дали ќе продолжиш да изразуваш став, како што изразуваш, негативен за обвинетите од 27-ми април и барањата за исправање на таа неправда. До кога ќе чекаш полиција се да ти даде на тацна, а ти со прст да не мрдаш…,м?

Без почит!“, напиша Дуковски.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски пред три дена, преку допис до Адвокатската комора реагира, на како што се наведува во соопштението, начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс и однапред изнесуваат неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, доказниот материјал или планираната динамика на судот за одржување на рочиштата.

Утредента, на 11 октомври, Адвокатската комора соопшти дека не примила никаков допис од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ