сабота, 24 јануари 2026

Адвокатката Ивана Коцевска реагира на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба на нејзиниот лик на транспарентите, кои ги носеа учесниците во денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025 год. од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред сè, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, се наведува во реакцијата на Коцевска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ