Во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски АД ЕСМ за испадот на Блок 2 од мрежата, повторно нагласува дека немаше хаварија, туку, како што велат, извесно е дека ни се случи саботажа.
„Целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции, посочуваат од АД ЕСМ.
Во меѓувреме, додаваат, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, преземаме проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања.
„Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за синхронизација на мрежата а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, нема потреба да ‘возиме’ со 2 блока. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана набавка и продажба на електрична енергија преку МЕМО, потенцираат од АД ЕСМ.