петок, 30 јануари 2026

АА поднесе иницијатива до Уставниот суд за Безбеден град

Алијансата за Албанците, на денот на стапување во сила на законите, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на законските решенија кои се дел од пакетот Безбеден град.

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Абидин Абдули, ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави дека уште од собраниската говорница било најавено дека законите од пакетот Безбеден град ќе бидат оспорени пред Уставниот суд веднаш по нивното стапување во сила. Како што посочи, иницијативите се поднесени со цел законите да важат подеднакво за сите граѓани, на целата територија на Македонија.

„Овие иницијативи ги поднесовме за секој закон да се применува еднакво за сите граѓани и да не создава нееднаквост“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.

Во врска со изјавите на Зијадин Села, а одговарајќи на новинарско прашање, пратеникот Халил Снопче истакна дека сериозноста на проектот Безбеден град не се мери со политички изјави, туку со конкретни постапки. Тој нагласи дека членот 9 од Уставот гарантира еднаквост на сите граѓани, а примената на законот само во три града не обезбедува еднаквост ниту униформност во неговото спроведување.

Снопче потсети дека пратеникот Ријад Шаќири од собраниската говорница најавил поднесување иницијатива до Уставниот суд, додека Зијадин Села не бил присутен за време на гласањето на законот.

Од Алијансата за Албанците нагласуваат дека секој закон мора да биде правичен, еднаков и да гарантира исти права за сите граѓани, без исклучок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ