„Алијансата за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата’ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, очекувано е да има клевети од најапсурден вид.
Смирено сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки. Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови“, соопшти АА на Таравари.