Според законот, тротоар е издигнат дел од патот покрај објекти предвиден за движење на пешаците.

Во Службен весник бр. 142 (21 август 2015) пишува дека „пешачка улица и патеки се површини наменети за движење на пешаци и при нивното планирање се води сметка тие да може да послужат за движење ма интервентни возила“.
Најмалата ширина на пешачка патека треба да биде 1,5 метар, вели законот.

Но, општинските служби, урбанисти, планери, инспектори… велат нешто сосема друго. Комплетно непочитување на закон и на безбедноста на пешаците!!!








