Најмногу домашни набљудувачи има здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, здружение за општествен развој „За Тетово“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, здружение Планинарски спортски клуб „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани Цивил Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности Три си консалтинг – Скопјe – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20, Национален ромски центар има еден набљудувач, здружение за унапредување на демократијата Демокраси лаб Тетово – четворица, Национален ромски центар, Куманово – двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола – еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива – 11, Институт за социјална промена ИНСОК – 10 и здружението за права и хуманост Интегра нау – 10.
Од странските набљудувачи најбројни се на ОДИХР – канцеларија за демократски институции и човекови права – 524, Aмбасадата на САД во Скопје – 30, Европски парламент – 12, Амбасадата на Велика Британија во Скопје – 11, Државна изборна комисија на Хрватска – двајца, Амбасада на Унгарија – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина – еден, Меѓународна фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ – седум, Амбасада на Франција – девет, Амбасада на Кралството Холандија – десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција – двајца, Амбасадата на Швајцарија – тројца, Државна изборна комисија Молдавија – двајца, Амбасада на Република Албанија – четворица, Амбасадата на Турција – еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи.






