петок, 23 мај 2025

80 години градинка Весели цветови, градоначалникот Ѓорѓиевски вети нови вложувања за најмладите

Детската градинка „Весели цветови“ денеска одбележа значаен јубилеј – 80 години од своето основање, со свеченост на која присуствуваа вработените, родителите, децата и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и советници од Советот на Општината.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, градоначалникот истакна дека оваа установа, која денес функционира преку седум, а наскоро и осум објекти, претставува втор дом за илјадници деца од општината. Осум децении „Весели цветови” е симбол на посветеност, љубов и грижа. Место каде што започнуваат животните патеки на нашите најмлади, каде што се учат првите вредности надвор од домот – пријателство, доверба и љубов,“ порача Ѓорѓиевски.

-Во текот на овие осум децении, низ „Весели цветови“ поминале генерации на деца, кои денес се успешни, одговорни и среќни луѓе. Затоа, дозволете ми од срце да им се заблагодарам на сите вработени, воспитувачи, негуватели, стручни соработници и технички персонал, кои низ годините посветено вложувале и вложуваат труд, љубов и трпение. Вие сте нераскинлив дел од оваа осумдецениска приказна. Како градоначалник, горд сум што ја имам честа да водам општина која се грижи и вложува во своите најмлади. Во изминатите 3,5 години, со јасна визија и упорна работа, инвестиравме значително во проширување на капацитетите и отворање нови објекти, со една цел: да го надминеме проблемот со листите на чекање, кој кога дојдов на функцијата броеше 450 деца. Денес, со посебно задоволство можам да истакнам дека сме на чекор до целосно решавање на овој предизвик. Ќе потсетам дека во состав на ЈДГ Весели цветови ја отворивме првата јавна детска градинка во Усје, „Симба”, која воедно е и првата целосно инклузивна градинка во Скопје. Го проширивме капацитетот и извршивме реконструкција на градинката „Сончоглед”, како и реконструкција на објектот „Синоличка”. Во тек е изградбата на сосема нов објект – клон „Веверичка“, кој ќе биде во состав на ЈДГ Весели Цветови, но едновремено работиме и на две нови градинки во Расадник и Потстаница, кои се во состав на ЈДГ „8 Март”.

Со завршување на овие три нови градинки, листите на чекање во општина Кисела Вода конечно ќе бидат минато. Секако, се грижиме и за опремување, инвестираме во опрема, дидактички материјали и можам да кажам дека во овие 3,5 години само за ЈДГ „Весели Цветови” издвоивме над 7 милиони денари за неинфраструктурни инвестиции. Сево ова значи дека секое дете од нашата општина ќе има можност за квалитетно предучилишно образование, а секој родител сигурност и поддршка. „Весели Цветови“ е симбол на континуитет, вредности и посветеност. Заедно со вас, ги градиме темелите на едно поубаво, посреќно детство за нашите најмлади, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, честитајќи го уште еднаш овој значаен јубилеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ