Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во Јасен гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано Ливада и село Лењиште, гори букова шума. Мешана шума гори и во подрачјето на селата Стровија и Долгаец. Ниска вегетација е опожарена во атар на село Дебреште. Ниска вегетација и ниска шума горат во село Душегубица. Мешана шума е опожарена во регионот на селата Горно Количани и Драчевица, планински врв Китка. Ниска вегетација гори во село Клуковец. Кај брана – езеро Козјак, пожар зафатил ниска вегетација и шума.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Маврово – Ростуше, Боговиње, Струга, Кичево, Липково, Старо Нагоричане, Долнени, Кратово, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Василево, Гевгелија, Струга, два во регионот на Ѓорче Петров, а три во кумановското подрачје.






