Како што појануваат од оваа македонска компанија, приказната за денешна Витаминка започнала во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност.
„Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана. И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус. Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет“, велат оттаму.
По 70 години, се наведува во соопштението, Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија.
„Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот“, велат од Витаминка.






