четврток, 12 јуни 2025

56 милиони франци помош од Швајцарија за македонската демократија и економски развој

Почна новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028, со што се зацврстува долгогодишното партнерство меѓу двете држави. Програмата, која е вредна 56,1 милиони швајцарски франци, предвидува поддршка во три клучни области – демократија, заштита на животната средина и одржлив економски развој.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека оваа програма е продолжение на едно плодотворно и успешно партнерство, засновано на заемна доверба и визија за заедничка иднина.

„Оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината“, изјави премиерот.

Тој упати благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната и идната поддршка на Македонија во клучни сектори за развојот на државата.

„Во име на Владата и граѓаните, изразувам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната, но и за идната поддршка. Заедно градиме стабилна, зелена и праведна иднина за нашите граѓани“, објави Мицкоски.

Преку оваа нова програма, Швајцарија повторно ја потврдува својата посветеност за поддршка на развојниот пат на Македонија и зајакнување на демократските процеси, заштитата на животната средина и поттикнување на инклузивен економски раст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ