„Овој закон, кој ги обединува нашите срца со татковината, отвори врата за десетици илјади луѓе да се вратат, барем формално, на земјата на нивните предци. Ние, исто така, со голема верба ги поднесовме нашите апликации за државјанство.
Во нашата група на социјалните мрежи има околу 5.000 луѓе кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе ја добијат веста дека конечно стануваат државјани на Северна Македонија – вест која ќе го официјализира нашето културно, историско и емоционално поврзување со татковината.
Од надлежните институции и претставници на Северна Македонија бараме: постапките за обработка на апликациите да се забрзаат, да се донесат позитивни решенија за оние кои ги исполнуваат условите и да се заврши овој историски процес со радост и достоинство. Ова не е само административна процедура – тоа е симбол на нашата културна припадност, почит кон предците и верба во иднината“, се вели во писменото обраќање на група државјани на Турција по потекло од Македонија.