недела, 7 декември 2025

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело убиство.

Објавено на

часот

Сподели

На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го убие сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ