понеделник, 22 декември 2025

36 илјади македонски граѓани викендов влегле на ГП Табановце

Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. И податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

„На граничниот премин Табановце од 10 часот на 20 декември до 10 часот на 22 декември влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 16.084 лица, а ја напуштиле нашата држава 7.720 лица“, соопштија од МВР.

Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ