среда, 7 мај 2025

30% помала плата за Пајазити, Судскиот совет не го разреши за скандалот со Рамадани

Наместо разрешување или оддалечување од судската функција, Судскиот совет донесе одлука да го казни судијата Пајазит Пајазити со намалување на платата за 30 проценти во траење од шест месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Судија Пајазити му даде куќен притвор на Рамадани, што подоцна резултираше со негово бегство во Косово. Одлуката на Судскиот совет е донесена во петокот, на затворена седница, осум месеци по бегството на поранешниот припадник на УЧК.

Иницијативата за дисциплинска постапка ја покрена претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, но мнозинството членови на Советот на последната седница се изјасниле само за парична санкција, без понатамошна одговорност за Пајазити.

Случајот Рамадани предизвика лавина реакции и огромен притисок од јавноста, која со месеци очекуваше Судскиот совет да утврди конкретна одговорност кај сите судии вклучени во процесот – од оние што одлучувале за притворот и екстрадици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ