петок, 20 март 2026

30 милиони евра од ЕБОР за НЛБ банка Скопје за зелената транзиција на бизнис секторот

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 30 милиони евра кредит на НЛБ банка Скопје, под програмата WB GOLD. Програмата ќе помогне за малите и средни претпријатија (МСП) да ги развиваат своите бизниси, истовремено обезбедувајќи стимулирање на зелено финансирање за да ги зголемат инвестициите во еколошки одржливи решенија.

Објавено на

часот

Сподели

WB GOLD  е инструмент за иновативно зелено финансирање, кој воведува поттикнување базиранo на резултати, за да го стимулира финансискиот сектор, во зголемување на зеленото финансирање на МСП. Креиран е за да помогне да се подобрат стандардите за зелено кредитирање, истовремено поддржувајќи ги потребите за генералното финансирање на МСП.

Рамката е усогласена со двојната мисија на ЕБОР на Западен Балкан: поддршка на економскиот раст преку развој на приватниот сектор и забрзување на транзицијата кон позелени, поотпорни економии. Преку поддршка на локалните бизниси да инвестираат во одржливи технологии, од енергетски – ефикасни машини, до обновливи енергетски системи – WB GOLD има за цел да создаде директни еколошки бенефити, истовремено поттикнувајќи ја конкурентноста.

Кредитот беше потпишан од претставникот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу, и главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.

„Ни претставува задоволство што сме партнери со НЛБ банка Скопје, и што го воведуваме ова иновативно зелено финансирање за македонските МСП. Овој проект покажува како WB GOLD рамката ефикасно ја претвора финансиската поддршка во опипливи еколошки придобивки и одржлив економски раст”, изјави Туркменоглу.

„Зеленото финансирање не е само можност, туку и одговорност. Секој бизнис има потенцијал да биде катализатор на позитивни промени. Со поддршка на бизнисите во нивната потрага по одржливи иновации, заедно со нашиот партнер ЕБОР, ја поттикнуваме транзицијата кон почисти технологии, енергетска ефикасност и одговорно управување со ресурсите“, вели Стојановски.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија, и до сега има инвестирано над 3 милијарди евра во над 200 проекти во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ