недела, 4 мај 2025

30 милиони денари од Комерцијална банка за настраданите во Кочани

Комерцијална банка обезбедни 30 милиони денари за новата фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Овој износ банката ќе го донира на фондацијата за 2025 година, а за наредните години согласно потребите на настраданите и можностите на банката, ќе се носат посебни одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

Убедени дека во моменти на голема болка и тага, солидарноста, заедништвото и хуманоста создаваат надеж, Комерцијална банката е и еден од основачите на фондацијата „Заедно за едно“, која има за цел да обезбеди долгорочна финансиска поддршка и грижа за настраданите лица и за нивните најблиски.

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Банката ќе донира финансиски средства за долгорочна помош за настраданите и нивните семејства, кои ќе бидат наменети за задоволување на основните потреби (храна, облека, сместување, лекови), покривање трошоци за медицински третмани, операции и рехабилитација, поддршка на менталното здравје, како и за стипендии и грантови за поддршка во образованиот процес и во професионалната реинтеграција.

Како докажан поддржувач на општеството и на граѓаните, Комерцијална банка останува цврсто посветена на својата мисија да биде двигател на позитивни промени и на поддршка за заедницата, особено во тешки времиња кога сочувството и емпатијата помагаат барем малку да се ублажат болката и последиците, соопшти банката.

Сите потребни информации за семејствата на починатите и на повредените лица да ја добијат неопходната финансиска помош ќе бидат објавени на веб-страницата на МБА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ