На настанот присуствуваа претставници на меѓународните партнери. Патрик Керстен (Patrick Kersten), претседател на бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), кој ја нагласи важноста на Семос едукација во глобалниот еко систем.
За време на роденденот беа доделени и специјални признанија на компании за континуирана инвестиција во ИКТ едукација, партнерство за трансформација на вештини, иновации во сертификација и општествен импакт. Награда за партнерство со трајни вредности беше доделена на Стопанска банка АД – Скопје, три меѓународни награди за развој на дигитални вештини беа доделени на Асеко Белград, А1 Србија и Рајфајзен банка Албанија. Глобална награда за стратешко партнерство доби Glasspaper од Норвешка. Партнери во AI едукација 2024/2025 за најиновативна примена на AI технологии и трансформација на деловни процеси на Support and Solutions и Македонски телеком. Награди за најголемо инвестирање во ИТ едукација 2024/2025 беа доделени на Халк Банка, Аптив и Алкалоид. И награда за извонреден општествен придонес на Агенција за вработување на Македонија.
„Три децении сме доказ дека знаењето навистина менува – луѓе, кариери и цела заедница. Гордa сум што заедно со нашите партнери и студенти ја пишуваме оваа приказна,“ изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос едукација.






