сабота, 12 јули 2025

30 години Кожувчанка – jубилеј на успех, партнерство и визија

Kомпанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење. На прославата присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Кожувчанка од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да ги слушнат обраќањата на водечките луѓе од компанијата, нејзините долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.

Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Тој говореше и за одличната соработка помеѓу комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.

Јанинка Чупаркоска, генералниот менаџер на компанијата Кожувчанка им се заблагодари на сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите.

Тоа што нѐ прави посебни и истрајни сето ова време се пред сè луѓето нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници“, рече Чупаркоска.

Edited in Tezza with: Vintage, Saturation, Shadows, & Crop

Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка почнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.

Зборуваше и за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.

За исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении зборуваше Марио Маис, маркетинг менаџер на Синалко (Sinalco International Brands). Тој, како долгогодишен стратешки партнер на компанијата преку брендот Синалко ја ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар.

„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“

На крај од говорот Маис кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.

Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Кавадарци и еден од основачите на компанијата зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех.

„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија 30 години од постоењето на Кожувчанка.“ Тој го  најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка.

„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“

Јанчев објави и за планираната соработка со СОС детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина. „Тоа е она на кое сум најмногу горд на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“

На крај, Јанчев изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата.

„Се гордеам и сум благодарен на сите вас наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“

Кожувчанка е основана во 1995 година и денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ