недела, 7 декември 2025

30 дена притвор за неготинецот кој ја силувал семејната пријателка

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против жител на Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела, полов напад, силување и уцена.

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

„Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал. Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената. Три дена подоцна, осомничениот ѝ го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен“, информираа од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ