недела, 14 декември 2025

30 дена притвор за Косовар, дел од група против која УФП води истрага за злосторничко здружување, даночни измами и перење пари

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во Македонија, уапсен е С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и кривично дело даночно затајување. Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција осомничениот веднаш е преземен и изведен пред судија на претходна постапка кој му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Куманово, информираат од Управата за финансиска полиција (УФП).

Објавено на

часот

Сподели

„Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамки на акцијата беа преземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари“, прецизираат од Управата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ