петок, 20 март 2026

30 дена притвор за Анакиев, Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството

Основниот кривичен суд Скопје попладнево информираше дека го прифатил преслогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК) за определување мерка притвор во траење од 30 дена против Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие. Претходно денеска ОЈО ГОКК информираше дека како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција денеска е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против Анакиев, за кој воедно и беше побарано определување мерка притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Прифатен е предлогот за определување 30 дена притвор против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијаие врз сведоци и опасност да го повтори делото“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Претходно денеска ОЈО ГОКК информираше дека како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција денеска е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, за кој воедно и беше побарано определување мерка притвор.

Според ОЈО ГОКК, осомничениот Анакиев, во период од петти овој месец до вчера, како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да „изврши службено дејствие што би морало да го изврши“ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на фирма, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот, сопственик на фирмата побарал образложение за забраната, осомничениот директор Анакиев побарал поткуп.

„На 13 март 2026 година бил одобрен влез за стоката на друг граничен премин, а осомничениот на средба со шпедитерот и оштетениот увозник директно побарал поткуп за одобрениот увоз и за идните увози, при што побарал првата рата од 50.000 евра да му биде дадена до вчера, а останатите две рати во деновите што следат. Откако оштетениот ги предал парите на шпедитерот кој требало да биде посредник при исплата на ратите, шпедитерот вчеравечер се сретнал со осомничениот и извршиле примопредавање на паричните средства, по што осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници“, информираа од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ