сабота, 12 јули 2025

3.000 тетовци се пријавиле досега за вработување со помош на Оперативниот план

Новиот Оперативниот план за вработување за 2025 година денес беше презентиран на јавна дебата во Тетово, а можностите пред жителите на овој регион ги претставија Бесар Дурмиши, министер за економија и труд и Сељатин Бељуљи, директор на Агенцијата за вработување.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Овој план, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, претставува клучна алатка на Владата за зголемување на вработеноста и поттикнување на претприемништвото. По објавување на Оперативниот план на 9 јуни, директорот информира дека има голем интерес.

„Одзивот на невработените лица е многу висок и изнесува некаде 3.100 лица кои што аплицирале и се заинтересирале да основаат свој бизнис, а јавниот повик трае до 26-ти, до крајот на следната недела. Активните мерки се поделени во две групи, едните водат кон директно вработување, другите кон индиректно вработување, или, поточно кажано, кон подобрување на вработливоста на невработените лица“, истакна Сељатин Бељуљи, директор на Агенцијата за вработување.

За реализација на планот во 2025 година се издвоени над 40 милиони евра, што претставува највисок досега буџет наменет за оваа намена, посочија владините функционери.

„Преку Оперативниот план за вработување, државата првпат системски пристапува кон решавање на невработеноста – не само преку финансиска помош, туку и со структурна поддршка, менторство и обука. Граѓаните добиваат реална можност да започнат сопствен бизнис, да креираат работни места и да придонесат во локалната економија“, истакна министерот Дурмиши.

Во рамки на Планот за 2025 година, постои можност за финансиска поддршка до 7.000 евра за лица постари од 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис. За работодавачите кои ќе вработат лице со попреченост, се предвидува дополнителна поддршка од 4.000 евра. Втората мерка предвидува поддршка до 10.000 евра за млади лица до 29 години кои имаат одржлива и иновативна бизнис-идеја, како и поддршка до 20.000 евра за формирање на заеднички бизнис од страна на најмалку две невработени лица.

Mинистерот ќе продолжи со посети во повеќе општини во рамки на теренската комуникација, и тоа Гостивар, Кичево, Липково, Сарај и други, со цел директно информирање и вклучување на граѓаните во овие програми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ