четврток, 15 јануари 2026

25 училишта во државава добија пари од МОН за да ги заштитат децата од насилство и пороци

Осумнаесет основни и седум средни училишта низ државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и делинквенција.

Објавено на

часот

Сподели

На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (за основни и за средни училишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од употреба на алкохол, пушење, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, програма за спречување учество во игри на среќа и за заштита од малолетничка делинквенција за учебната 2025/2026 година.

Грантови добиле основни училишта во општините Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар, Штип и училиштето на Град Скопје за ученици со посебни образовни потреби „Иднина’.

Според објавените резултати, добитници на грант од МОН се и седум јавни средни училишта – од Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и од Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ