петок, 19 декември 2025

 25 години Аитоникс – лидерство на ИТ пазарот

Аитоникс, една од водечките ИТ компании во Македонија, неодамна прослави 25 години од своето основање на свечен настан во Скопје. Компанијата е основана во 2000 година од сегашниот генерален директор Јордан Димитровски, а денес Аитоникс е една од најголемите компании за ИТ-дистрибуција и развој на софтвер во Македонија, присутна и на пазарите во Бугарија и Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Аитоникс е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови како Acer, Acronis, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, NJoy, Philips и Xerox. Покрај дистрибуцијата на ИТ производи, компанијата е препознатлива и по долгогодишната експертиза во развојот на специјализирани софтверски решенија.

На настанот беа присутни бројни гости – партнери, клиенти, претставници на меѓународната заедница и соработници на компанијата.

„Да се одбележи 25-годишнина на компанија што си ја создал на само 20-годишна возраст, за мене претставува огромна лична гордост. Сакам да упатам искрена благодарност до сите наши меѓународни и локални партнери за довербата низ годините, до нашите клиенти што постојано нè мотивираат и секако до нашиот тим – до колегите кои секојдневно вложуваат дел од себе и ја движат компанијата напред,“ изјави Јордан Димитровски, генерален директор на Аитоникс

На настанот присуствуваше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, кој исто ја поздрави компаниајта: „Го честитам овој значаен јубилеј на Аитоникс и им посакувам уште долги години успешно работење, нови достигнувања и секако уште поголем придонес кон бизнисот и општеството.” 

По 25 години континуиран раст, Аитоникс, најави дека ќе продолжи да инвестира во квалитетни технолошки решенија, иновации и експертиза. Компанијата ја гледа иднината во  понатамошно проширување на своето регионално присуство и развој на решенија што ќе им помогнат на клиентите да ја искористат моќта на технологијата за својот успех, како и во уште  поголем придонес кон бизнисот, технологиите, општеството и заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ