вторник, 10 јуни 2025

24 мај одбележан од македонските заедници во Хрватска, Бугарија, Албанија

24 Мај, денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј беа одбележани помеѓу македонската заедница во Хрватска, Бугарија, Албанија. Директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на традиционалниот пролетен концерт „Заветна“ на мeшовитата пејачка група и музичкиот ансамбл „Деспина“ во Пула.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на Концертот на многубројната публика во преполната сала во Домот на хрватските бранители во градот Пула, се обратија претседателот на Македонскиот културен форум, Алдо Климан, началничката на одделот за национални малцинства при Истарската жупанија, Теа Бател и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Ѓоргоска Илиевска.

Од своите почетоци до денес „Деспина“ има реализирано голем број успешни целовечерни концерти, што ги одржува традиционално спроти 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, со цел на широката културна јавност да и’ се претстават најрепрезентативните, антологиски остварувања на македонската традиционална музика и македонското културно наследство.

Концертот беше во организација на Македонскиот културен форум од Пула, а со поддршка на Истарската жупанија, Градот Пула и Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска, соопштија од  македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. 

Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј беше одбележан и во Бугарија каде во исто време македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) одбележа 20 години од формирањето.

24 Мај – Денот на сесловенските просветители беше одбележан и од Македонците во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ